Силно невреме проследено со пороен дожд, ветер и грмежи попладнево го погоди Кичево.
Од силината на ветерот делови од кровови летале од згради и куќи.
Инаку утре ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне.
В среда и в четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а сеуште ќе има локални врнежи од дожд.