25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

За момчето кое се роди во метро бесплатен превоз до неговата 25-та година

Момчето кое денес е родено во воз во подземна железница ќе има бесплатен превоз во француската престолнина до 25-та година, соопшти париското претпријатие за јавен сообраќај RATP.

Од ова претпријатие соопштиле, исто така, дека како последица на овој несекојдневен настан дошло и до пореметување во сообраќајот.

Спасувачите презеле грижа за мајката и ја префрлиле со детето во најблиската болница.

Веста за „неочекуваниот пораѓај“ била објавена на екраните поставени на париските железнички станици, пренесоа медиумите.