Претставниците на Форумот за демократска Македонија (ФДМ) ја претставија програмата и прогласот на организацијата на средбата со претседателот на најголемата опозициска партија во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Маја Панова и Маја Петрушевска посочија дека ниту една организација на иселениците од Република Македонија не може да зборува како единствен претставник. На средбата беше речено дека на секоја власт и е потребна силна опозиција во напорите за изградба на демократско и праведно општество.
Форумот за демократска Македонија истакна дека е отворен за соработка со сите политички субјекти во Македонија се со цел поддршка и забрзување на демократските процеси.
Спонзорирано: