Човекот кој денеска ја застрела сопругата во Градачац пренесуваше во живо на Инстаграм.
Станува збор за Нермин Сулејмановиќ, бодибилдер и фитнес тренер, кој веќе им е познат на полициските власти.
Снимката е ужасно шокантна, а крв може да се види насекаде. На него се гледа како ја застрелал сопругата.
Нермин Сулејмановиќ уби најмалку три лица. Тој го убил и детето, потврдија од Обвинителството на кантонот Тузла.
„Интензивно се трага по лицето. За инцидентот е известен кантоналниот обвинител. Полициски службеници се на лице место и ги преземаат потребните мерки и дејствија.
На терен се испратени екипи на Полициската единица за специјална поддршка“, соопшти МВР на ТК.