Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ треба подобро да биде информирана, Декларацијата за Илинден одамна ја поднесовме

„Дали ДПМНЕ нема капацитет доволно да ги следи политичките случувања во земјава? Или пак нивната определба да се служат само со лажни вести е причина за манифестираното непознавање на работите и неинформираност од страна на опозициската партија?“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Декларацијата за Илинден СДСМ ја поднесе во Собранието уште на 28 ми јули. За поднесувањето и јавно информиравме. Согласно собраниските процедури ќе се најде и пред пратениците.

Покажувајќи вакво незнаење ДПМНЕ излегува многу несериозна. ДПМНЕ треба подобро да биде информирана и да ги следи случувањата во земјата и во македонското Собрание“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +