24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мухарем Инџе се повлече од трката за претседател на Турција

Мухарем Инџе денеска соопшти дека се повлекува од трката за претседател на Турција.

„Се повлекувам од трката. Ова го правам за доброто на мојата татковина“, изјави Инџе пред новинарите, пренесе „Блумберг“.

Истовремено, тој ги повика сите граѓани да гласаат за неговата Татковинска партија на парламентарните избори што ќе се одржат истиот ден со претседателските.

Во трката за претседателската функција останаа Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека актуелниот турски претседател Ердоган е зад Киличдароглу за пет процентни поени.

Претседателските и парламентарните избори во Турција ќе се одржат в недела на 14 мај.

Спонзорирано: