19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Возачот што газеше пешаци во Мелбурн бил зависник од дрога со психички проблеми

Возачот што со џип влета во група пешаци во центарот на Мелбурн и притоа повреди најмалку 19 лица бил зависник од наркотици, соопшти тамошната полиција.
Според податоците, возачот бил државјанин на Австралија по потекло од Авганистан и имал психички проблеми, како и долга историја на употреба на наркотици.
Исто така, се додава дека 32-годишниот маж ѝ бил од претходно познат на полицијата. Сепак, сè уште нема докази за негова можна поврзаност со некоја терористичка група.
Колку за потсетување, австралиската полиција го уапси возачот на автомобилот „сузуки СУВ“, кој влета во толпа луѓе во австралискиот град Мелбурн.
Покрај него, беше уапсен уште еден млад човек во близина на местото на несреќата поради тоа што настанот го снимал со мобилен телефон, а во ранецот му биле пронајдени три ножа.
Полицијата претходно соопшти дека возачот нападот го извршил со намера.
Спонзорирано: