10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пучдемон од Брисел: Дојде време републиката да се отцепи од монархијата

Говорејќи од Брисел, разрешениот претседател на Каталонија, Карлес Пучдемон и се зблагодари на младата жена, која предложи да гласа во негово име.
„Денеска е многу важен ден, не за сегашноста, туку за иднината на Каталонија, а Вие, Лаура, ја обелоденивте зората на оваа надеж. Дојде време републиката на граѓаните да се одвои од монархијата“, беа зборовите со кои Пучдемон и заблагодари на младата дама.
Денеска Каталонците гласаат на предвремените регионални парламентарни избори. Гласањето е организирано од страна на Мадрид откако централната влада на Каталонија прогласи еднострана независност на 1 октомври оваа година.
Некои од кандидатите на изборите – вклучувајќи го и Пучдемон, се соочуваат со обвиненија за организирање на бунт за нивната улога во прогласување на независноста, што дополнително ги зголеми тензиите.
Над 2,6 илјади избирачки места беа отворени во 9 часот (по локално време) и ќе останат достапни за граѓаните до 20 часот, по што ќе започне пребројувањето на гласовите. Регистрирани се вкупно 5,5 милиони гласачи, од кои 225 илјади живеат во странство.
Анкетите покажуваат дека одѕивот на гласачите може да биде рекорден и да надмине 80 проценти. Во врска со исходот од гласањето, проекциите покажуваат поделба во каталонското општество.
Спонзорирано: