26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мајка од Америка: Ќерка ми ја силуваше фудбалер, а неговите пријатели гледаа

Студентката од Универзитетот во Дејтон, Квин Мофет (22), била пронајдена мртва во бањата од куќата на своето момче, а властите веруваат дека се работи за случајно предозирање со дрога. Сепак, мајка ѝ Мери Мофет ја обвинува фудбалската ѕвезда на Универзитетот во Мичиген за смртта на ќерката.

Како што пишува „Мирор“, мајката на починатото девојче тврди дека ќерка ѝ била силувана од фудбалерот, додека неговите тројца пријатели ја гледале.

Мери Мофет напиша писмо до спортскиот директор на Универзитетот во Мичиген, Вард Мануел, и до фудбалскиот тренер Џим Харбау поради загубата на ќерката.

Фудбалскиот тренер Харбо се огласил откога го прочитал писмото и рекол дека не сака таква личност во неговиот тим или таква личност што го претставува училиштето.

Писмото од мајката на починатото девојче заврши во рацете на полицијата на универзитетскиот кампус, а потоа и кај Обвинителството.

Меѓутоа, бидејќи жртвата била мртва, полицијата одлучила дека случајот не вреди да се истражува.

Кари Сајмон, адвокатка што ги застапува жртвите на сексуален напад, одлуката ја нарече загрижувачка.