19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈАИЗБОР

„Тик-ток“ повторно на удар: британскиот министер бара безбедносна проверка на апликацијата

Британскиот министер за одбрана, Том Тугенхут, побара од Националниот центар за сајбер-безбедност (NCSC) да ја истражи кинеската апликација „Тик-ток“ откога владите во светот почнаа да ја забрануваат нејзината употреба на официјалните телефони.

Како што пренесува Би-би-си, кинеската апликација сè повеќе е под европски и американски микроскоп за безбедноста и приватноста на податоците поради загриженоста дека би можела да се користи за промовирање прокинески ставови или собирање податоци за корисниците.

Европската комисија и повеќе од половина од американските држави веќе воведоа забрана поради загриженост за потенцијални сајбер-напади.

Тугенхут претходно изјави за „Скај њуз“ дека е апсолутно суштинско оти „дипломатските процеси во ОК се бесплатни и безбедни“.

Спонзорирано: