19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(ФОТО) Нов удар за руските сили: Украинците уништија дел од нивниот моќен ракетен систем С-400?

На социјалните мрежи последните неколку дена кружат фотографии од кои може да се заклучи дека за прв пат од почетокот на инвазијата е уништен дел од најнапредниот руски систем за противвоздушна одбрана – С400 Триумф, пренесува Jutarnji.hr.

Според фотографиите кои се наводно направени во украинскиот регион Запорижја, длабоко зад руските линии (околу 60 километри од предната страна), се чини дека е уништен фрлачот 5P85SM2-01, инаку дел од системот С-400, пишуваат украинските медиуми.

Орикс, веб-страница која собира отворени извори на информации за загубите на воена опрема во војната во Украина, исто така верува дека е фрлач на системот С-400.

Фотографиите од уништениот фрлач првпат почнаа да кружат во ноември минатата година, но тогаш погрешно се мислеше дека е дел од постариот систем за воздушна одбрана С-300ПМ1. Но, сега се појавија нови снимки, според кои администраторите на Твитер профилот Ukraine Weapons Tracker заклучиле дека навистина се работи за фрлач на системот С-400.

Системот С-400 првенствено служи како одбрана од непријателски борбени авиони, бомбардери и беспилотни летала, како и од балистички и крстаречки ракети. Еден систем С-400, меѓу другото, има командно место, два радари и 6 до 12 транспортно-лансирање возила, од кои секое може да истрела четири проектили. Системот користи и неколку видови ракети, од краток до долг дострел.

Воените аналитичари го опишуваат С-400 како еден од најдобрите системи за воздушна одбрана во светот, а во моментов го користат Русија, Белорусија, Кина, Индија и Турција.

Подготви: Ј. Ѓ.

извор: Frontline.mk

Спонзорирано: