19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СТАВМАКЕДОНИЈА

Денови на искушение за Христијан Пендиков

Пишува: ВАСКО ЛАЗАРЕВСКИ

Се сеќавате ли на филмот Денови на искушение? Направен е во 1965 година според книгата Црнила на коле Чашуле и зборува за атентатот врз Ѓорче Петров, за младиот Орце од село Чаниште во Мариово кој е одбран да биде атентаторот.

Орце со душа и срце и припаѓа на организацијата и е убеден дека треба да убие предавник и противник на организацијата кој е ужасно опасен за делото.

Орце е изманипулиран до немајкаде, врховистите не му го кажуваат името на „предавникот“ иако е тоа Ѓорче Петров, војводата кој му го спасил животот на Орцета, му подарил часовник, а Орце дури ги прашува дали ќе може да го сретне војводата кого го нема видено со години…

Орце го извршува убиството и дури тогаш дознава дека е убиецот на Ѓорче Петров, на војводата кој го спасил во Мариово и дека е во канџите на злосторничка организација која не бира средства за испонување на нејзините болни планови.

Во филмот Орце загинува заедно со Фезлиев (го игра Петре Прличко) на некоја пруга во околината на Софија, убиен од нарачателите на убиството – врховистичките вмровци.

Денес гледав фотографии од Охриѓанецот Пендиков и ми текна на Денови на искушение. Пендиков многу ми личи на Орце од филмот – изманипулирано момче кое паднало во канџите на многу лоши луѓе, на истите од филмот. Дали со лаги, дали со пари, Пендиков е уште една жртва на врховистичката вмровштина од која не можеме да се солободиме повеќе од еден век.

Пендиков е Орце.

Пендиков е уште една жртва на пропагандите и уште еден млад Македонец потрошен во вмровските врховистички престрелки.

Поразително е што наместо да се ослободиме од таа лажна митологија, од тие лаги на крвниците кои правеле се’ за да пропадне македонското осознавање и еманципација, ние оставаме да ни роварат во земјата, па дури и да се претставуваа т како некое „подобро“ решение и спас.

Нашиот пораз е неспособноста да ги спасиме младите луѓе од вакви манипулации и злоупотреби.

И по еден век, заглавени во истите Црнила.

извор: Frontline.mk

Спонзорирано: