19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
СВЕТ

Четворица загинати и десетици повредени во автобуска несреќа во Канада

Четири лица загинаа кога автобус излета од патот во Канада. Повеќе од 50 лица се повредени и пренесени во болница, соопштија канадските власти.

„Можеме да потврдиме дека четворица патници се пронајдени мртви“, информираа од канадската полиција.

Оттаму додаваат дека загинатите патници се’ уште не се идентификувани, а причината за несреќата се’ уште се истражува.

Патничкиот автобус излетал од патот и се превртел на страна. Условите на патиштата се опишани како многу лоши, покриени со мраз и снег. Возачот на автобусот во истрагата соработува со полицијата.

Спонзорирано: