Од време на време се појавуваат приказни, кои ни ја враќаат вербата во тоа дека чудата сепак се можни! Ова е една од нив…
Австралијката Кејт Ог и нејзиниот сопруг Дејв, со нетрпение го очекувале раѓањето на своите близнаци.
Кејт морала да роди во 27-та недела од бременоста, кога примила ужасни вести.
Девојчето Ели заплакало веднаш по раѓањето, додека малиот Џејми после 20 минути реанимација е прогласен за мртов.
Среќата поради раѓањето се претворила во ноќен кошмар. Додека Кејт се уште се обидувала да го сфати она што лекарот и го соопштил, цврсто го држела безживотното тело на својот син.
Цело време се надевале дека ќе заплаче, но лекарите ги уверувале дека бебето починало.
Медицинскиот персонал излегол од соба, а мајката и таткото го прегрнале телото на бебето и со него легнале во кревет. Лежеле така цели два часа, не одвојувајќи го погледот од своето дете.
Сакале да го згреат со своите тела, и натаму неверувајќи дека е мртво.
Накратко почувствувале придвижување на неговото тело, но лекарите рекле дека тоа е нормално и дека е можна појава на задоцнети рефлекси на мртвото тело.
Овој брачен пар со години се обидувал да добие деца и не можеле да поднесат дека Џејми е мртов.
Меѓутоа, тогаш се случило нешто незамисливо! По два часа контакт со кожата на мајката и таткото, момчето повторно почнало да дише!
Кејт не можела да поверува и мислела дека тоа е премногу добро за да биде вистинито – лекарите биле шокирани!
Џејми е жив!
Среќниот татко, Дејв, рекол: „За среќа, имам многу храбра жена која ги слуша своите инстикти – само поради неа, Џејми се уште е со нас!“
После неколку дена во болница, двете бебиња со своето семејство ја напуштиле болницата.
Споделете ја оваа приказна со пријателите и покажете им дека чуда навистина се случуваат!