24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Со камера за препознавање лица фатен Кинез на преполн концерт

Кинеската полиција употребила технологија за препознавање лица за да лоцира и уапси маж кој бил меѓу толпа од 60.000 посетители на концерт.
Осомничениот, кој бил идентификуван само како г. Ао, кога бил фатен минатиот викенд, се наоѓал на концерт на поп-ѕвездата Џеки Чеун во градот Нанчанг.
Како што пренела полицијата, 31-годишниот човек, кој бил баран за економски криминал, бил шокиран кога бил фатен од полицијата.
Кина има огромна надзорна мрежа од над 170 милиони камери за видеонадзор. Господинот Ао бил идентификуван од камерите на влезот на концертната сала и подоцна уапсен од полицијата кога седнал со другите посетители на концертот.
„Осомничениот беше многу изненаден кога го фативме. Тој не очекувал дека полицијата може толку бргу да го фати во толпа од 60.000 луѓе“, изјавил полицаец.
На самиот влез од концертната сала имало неколку камери опремени со технологија за препознавање лица.
Спонзорирано: