За време на рушење на силос во Данска минатата недела дошло до голема грешка и кулата се срушила на погрешната страна рушејќи ја и соседната зграда.
Напуштената кула со висина од околу 53 метра во дански Вордингборг се срушила во спротивен правец од планираниот и го уништила блискиот културен центар. Никој не е повреден за време на инцидентот.
Силосот требало да падне на расчистено подрачје, но по грешка паднал на соседната зграда.
За рушењето на кулата користени се 10 кг експлозив, а подготовките траеле 6 месеци.
Спонзорирано: