Денеска има околу 1.000 нови дијагностицирани заразени од коронавирусот во земјава, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој додаде дека вчера било целосно ставено во фунција ковид одделението на ГОБ 8 септември, каде има уште слободни кревети, но се обезбедува дополнително слободен простор во делот на интензивната нега.
„Од вчера во попладневните часови целосно во функција се стави и Модуларната болница до инфективната клиника. Тука обезбедивме екстра кадар од другите клиники и дел од инфективната клиника, пред се сестри и помошен персонал. Тоа е болниоца со 60-70 легла. Подготвен е и центарот за рехабилитација во Козле, сите имаат довод на кислород. Притисокот во Болницата во Тетово беше нешто спласнат“, рече Филипче.
Министерорт за здравство Венко Филипче денеска повтори дека вакцинацијата е најдобар начин да се заштитат граѓаните од коронавирусот, и тоа не само кај нас, тку и во светот.
Тоа го покажуваат и статистиките направени кај заразените од ковид 19.
„Десет отсто од сите дијагностицирани случаи на ковид во земјава се вакцинирани, и исто така 10 отсто од хоспитализираните се исто така вакцинирани. Но, она што е за нас најбитно е дека во храдиовите во земјава, како што е на пример Охрид, каде е висок процентот на вакцинација, е најмал бројот на хоспитализираните. Исто така, битно е што од сите вакцинирани граѓани во земјава, а таа бројка вчера достигна дури 600 илјади, многу мал процент, само 0,002 отсто се заразиле со корона вирусот, што значи вакцинираните далеку помалку се заразуваат. И, докажано е дека вакцината за дури 20 пати го намалува ризикот од смртен исход од болеста“, потенцира министерот за здравство.
Технички прашања и недореченост со новите владини мерки ќе има и натаму, но тие во од ќе се решаваат, нагласи Филипче.
Целта е мерките да важат и на местата на отворено и на затворено, односно секаде каде се собираат голем број луѓе и каде што има можност за најголема трансмисија на вирусот.
Препораката е сите што го прележале вирусот да се вакцинираат откако ќе поминат 30 дена по прележаноста на болеста.