24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Струмица заслужено се наоѓа листите на значајните карневалски дестинации

(МИА) – Годинешниов карневал покажа уште еднаш дека Струмица заслужено се наоѓа на листите на значајни карневалски дестинации во Европа и светот, вели претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов.

Според него таквите оценки ги изнеле и бројните гости, претставниците на Европската федерација на карневалските градови и експерти за карневал.

-Во саботата на главната карневалска вечер струмичани и нашите карневалски групи покажаа дека се врвни експерти за изработка на маските. Тоа уште повеќе добива на тежина бидејќи тие сами ги изработуваат и сами се финансираат и плус секоја година мора да имаат нова идеа за маска. Тоа е навистина за почит и треба да сме горди на нив, додава првиот човек на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов.

За него многу добро е што публиката повторно се врати на улиците на Струмица, долж маршрутата по која се движеа учесниците на Интернационалната карневалска вечер.

-Тое посебно ме радува бидејќи ме потсети на најубавите времиња на карневалот. Ние правевме анализи зошто се намалува бројот на публиката и сега се уверивме дека единствена причина за тоа било лошото време. Токму заради тоа посетителите од другите градови не можеа да присуствуваат на нашиот карневал. Ова година се случи одлична комбинација на прекрасни маски и бројна публика и затоа беше величествено, ги сумира впечатоците Цицимов.

Годинава на Струмичкиот карневал покрај традионалната програма имаше и нови содржини. За прв пат градоначалникот на Струмица им го предаде клучот од градот на карневалџиите, а  на Чист Понеделник се вареше грав во огромен казан.

Покрај тоа, имаше и многу забава, а забележителен настап имаа членовите на карневалската група од холандскиот остров Аруба. Тие настапија и  на маскенбалот и по завршувањето на Интернационалната карневалска вечер.

Спонзорирано: