11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Данска ни донира 250.000 дози на „Астра зенека“

Данската влада намени еден милион дози вакцини (по 250.000 дози) како донација за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и за Северна Македонија.

Во моментната епидемиолошка ситуација данските здравствени власти ја вклучија вакцината на „Астра зенека“ како изборна.

Бидејќи побарувачката за оваа вакцина е многу ограничена, данските власти одлучиле да ја поделат порачаната количина вакцини на „Астра зенека“ со земјите на кои им е потребна.

Донациите за земјите од Западен Балкан ќе содржат дози од вакцината на „Астра зенека“, кои Данска ги порачала и ги платила, но кои сѐ уште не се испорачани. Моментно се работи на тоа донациите да се реализираат во наредните месеци.

„Драго ми е што можеме да излеземе во пресрет и да им помогнеме на нашите блиски партнери со ова апсолутно неопходно оружје против пандемијата, односно со вакцините. Западен Балкан е дел од нашето непосредно соседство и имаме силен заеднички интерес да се држиме заедно и во пандемијата“, изјави министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.

Покрај тоа, данската влада ќе намени уште милион дози вакцина на „Астра зенека“ за меѓународниот механизам за дистрибуција на вакцини „Ковакс“.