Нов земјотрес со јачина од 3,2 степени е регистриран во јадранската област околу 15:30 часот.
Епицентарот бил на 50 километри југозападно од Вела Лука и 97 километри јужно од Сплит, според далматинскиот портал.
Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, длабочината на земјотресот се проценува на 11 километри.
Земјотресот најмногу го почувствуваа жителите на Корчула и Вис.
Земјотрес и во Грција
Два земјотреси, со јачина од 3 степени и со јачина од 3,1 степени, беа регистрирани во Грција нешто по 19,41 часот по локално време.
Земјотресите се регистрирани во околината на Лариса, на длабочина од шест километри, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Спонзорирано: