25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Субвенциите за купување на куќа или стан од 50.000 евра можат да стигнат до 20.000 евра: Целосен прирачник како да аплицирате за нов стан/куќа и да добиете субвенции

Граѓаните годинава ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан“ на Министерството за финансии. Објавен е јавен повик согласно кој граѓаните ќе можат да поднесат барање, заклучно со 31 декември 2021 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување стан или куќа.

Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот. Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години.

Граѓаните можат да аплицираат за 6 различни модели коишто нудат различни поволности согласно тоа дали сакаат да аплицираат за субвенционирање месечна рата на кредитот или за учество, во зависност од тоа дали аплицираат за купување стан или куќа и во зависност од возраста.

Повеќе за моделите може да се види во прирачникот објавен на веб-страницата на Министерството за финансии.

Каматната стапка за станбениот кредит преку проектот е исто така исклучително поволна. За моделите каде што се субвенционира ратата, каматата за првите 3 години изнесува 2,9 проценти, а за четвртата и петтата година 3,9 проценти. Кај моделите каде што се субвенционира учеството, каматата изнесува 4 проценти за цело времетраење на отплатата плус 6-месечен еурибор.

Дополнителна поволност што ја нуди проектот за корисниците е дека за секое новородено или посвоено дете, ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти.

За проектот може да аплицираат лица што се или не се во брак, a коишто ги исполнуваат следните услови: не смеат да имаат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи не смеат да надминуваат 900 евра доколку не се во брак или 1.300 евра доколку се во брак, продажната цена на станбениот објект мора да биде до 900 евра за метар квадратен и станот или куќата што се купуваат или градат мора да бидат новоградба, односно да се купат од инвеститор или изведувач. Исто така, станбената површина не смее да надминува 150 м2.

Сите заинтересирани граѓани што ги исполнуваат овие услови и се кредитоспособни, согласно условите од банката, можат да аплицираат во една од осумте банки што учествуваат во проектот: Тутунска банка, Стопанска банка – Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка – Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка, Охридска банка и Прокредит банка.

Минатата година преку проектот се одобрени 278 барања за субвенциониран станбен кредит, од коишто 259 се за купување нов стан, а 19 за изградба на куќа. Вкупно од почетокот на проектот, досега се одобрени 1.693 барања за купување стан или куќа, или скоро 1.700 граѓани или семејства дошле до сопствен дом преку овој проект.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕМНОГУ ПРЕДМЕТИ – Поради овие три работи, вашата куќа изгледа неуредно

M T

НЕ УБИВАЈТЕ ПАЈАЦИ – Еве како тие можат да бидат многу корисни

M T

МЗШВ: Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се исплаќаат субвенции кон 45 илјади земјоделци – За прв пат се воведува и можност за авансна исплата

M T

Време е за промена: 6 работи кои внесуваат негативна енергија во куќата

M T

СДСМ: Нова поддршка за земјоделството, полесно исплаќање субвенции и 100% зелена нафта за земјоделците

M T

Направете ги овие 5 промени во куќата и парите ќе пристигнат на вашиот праг

M T