12.8 C
Скопје
16. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Песков: По критиките на Путин, не ви се живее

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека се соочува со сериозни критики од претседателот Владимир Путин и призна дека не му е до живот во тие ситуации.

Во интервјуто на новинарот Владимир Соловјов објавено на „Јутјуб“, Песков, запрашан да објасни дали кога претседателот критикува навистина не сакате да живеете, одговори: „Не сакате“ и додаде дека тоа е тешко.

Песков рече дека тоа не се случува толку често.

„Му благодарам на Бога, не често. Но, има некои моменти што треба да се поправат подоцна“, призна Песков, пренесува „РИА новости“.