Centar.mk
СВЕТ

Атентат на Роберт Фицо: министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка

Словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток, денеска ќе побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за безбедност на Словачка по атентатот на премиерот Роберт Фицо.

Министерот за внатрешни работи информира дека ќе ја зајакне заштитата на политичарите и одредени медиуми, пренесува словачки „Та3“.

Министерот ова го изјави на прес-конференција во болницата во која Фицо беше опериран по вчерашниот атентат во градот Хандлови, во кој беше тешко повреден кога 71-годишниот напаѓач го нападна со неколку истрели од непосредна близина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА СОБОРИЛА 1.441 ДРОН ЗА ЕДНА НОЌ – Привремени ограничувања на московските аеродроми

ДЕСК

ВАЖЕН СОСТАНОК ВО СЕДИШТЕТО НА НАТО – Сојузниците денеска разговараат за воената помош за Украина

ДЕСК

НОВ НАПАД ВРЗ КРИМСКИОТ МОСТ – Запрен сообраќајот, Русија потврдува оштетувања на конструкцијата

ДЕСК