Centar.mk
ЛОКАЛНО

Бочварски: Завршува проектирањето на новиот експресен пат од Струмица до Коридорот 10

Проектирањето за изградба на нов експресен пат од Струмица до Коридорот 10 кај Смоквица е во завршна фаза. Во следниот период ќе обезбедиме финансиски средства и ќе почнеме со изградба, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната работна посета на општина Валандово.

Министерот потенцира дека се работи на неколку проекти во патната и комуналната инфраструктура во Валандово и регионот, со што значително им се подобруваат условите за живеење на жителите.

„Во првиот квартал од оваа година завршуваме со проектирање нов експресен пат од Струмица и поврзување со автопат на Коридорот 10, со што ќе ја имаме финансиската конструкција и влегуваме во нова етапа на обезбедување финансиски средства за да може побргу да почнеме со изградба на овој приоритетен проект за регионот. Понатаму, преку буџетот на Министерството за транспорт и врски одвоивме 4 милиони денари за изградба на нов пат во населеното место Чалакли“, изјави министерот за транспорт и врски.

Бочварски истакна и дека преку Министерството за транспорт и врски, преку проектот за локални патишта, се работи за реконструкција на три улици во општина Валандово заради подобрување на локалниот развој на општината.

Можеби ќе ве интересира

Широк Сокак добива семафор: Мал сообраќаен потег, голема промена за центарот на Битола

ДЕСК

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК