9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Белгија ќе добие само половина од нарачаните дози фајзерова вакцина

Белгија ќе добие само половина од дозите на вакцината од американскиот производител на лекови „Фајзер“, што ја нарача во јануари поради логистички тешкотии што се случија минатиот месец.

Портпаролот на Министерството за здравство, Ив ван Летем изјави дека логистичкиот проблем во втората половина на декември ја спречи испораката на вакцината, како што беше планирано во белгиската стратегија за вакцинација, без да даде детали за проблемот.

„Компанијата Фајзер, која нè снабдува, ќе може да испорача половина од планираните дози за месец јануари, така што ќе имаме нешто повеќе од 300.000 дози од нарачаните 600.000 дози“, рече Ван Летем на прес-конференцијата.

Откако вакцинираше околу 700 лица во четири старски домови за време на пробната недела за вакцинација, Белгија денес започна да ги вакцинира жителите на домовите за стари лица низ целата земја заедно со тамошниот здравствен персонал.