Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е време да се укине американската лотарија за добивање зелена карта.
„Време е да ја завршиме лотаријата за визи. Конгресот мора да обезбеди имиграциски систем и да ги заштити Американците“, напиша Трамп на „Твитер“.
Познатата лотарија за визи се одржува секоја година во САД и беше можност за многумина од целиот свет да дојдат до американска зелена карта.