12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата синоќа на полноќ во Гевгелија сопрела ауди а4 – кога погледнале внатре имале што да видат

Синоќа по полноќ на местото викано Мечкин Камен во Гевгелија, при контрола на автомобил „ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки од страна на полициски службеници биле пронајдени осум странски државјани.

Според информациите од МВР, возилото било управувано од Б.А.(41) од село Србица, Кичевско, којшто бил заедно со А.Н.(39) од село Арангел, Кичевско, а странските државјани биле со потекло од Иран, од Ирак, од Пакистан и од Турција и немале документи за преминување на државната граница.

Како што пренесуваат од полицијата, лицата се приведени, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Спонзорирано: