Италијански лекар истакнал дека повеќе нема време за губење, затоа што ситуацијата е премногу сериозна.
Шефот на одделението за реанимација на болницата во Верчели во италијанскиот регион Пијемонте, докрото Џузепе Барбарело, порачал, откако и самиот се заразил со Ковид 19, дека нема повеќе време за губење на протести и негирање на пандемијата, како ни време за убедување дека е потребно да се носи маска.
„Нема време ниту за пеење на балкони и прозори“, напишал лекарот на својот профил.
Тој наведува дека нема време за губење, бидејќи ситуацијата е премногу сериозна.
„Мораме да се бориме не само против коронавирусот, туку и против верусот на незнаење. Време е да престанете да верувате дека сте семоќни, убедени дека вас вирусот не ви може ништо“, порачал докторот.
Тој истакнал дека вирусот ги погодува и оние кои, како него, ги преземаат сите мерки за заштита и во смени по 12 часа работат во заштитни одела.
„Бидете сериозни, затоа што и ситуацијата е сериозна и почитувајте ги оние кои ве лечат, но почитувајте се и сами себе“, рекол докторот.