Семејна драма денеска го потресе Загреб. Тела на двајца мажи биле пронајдени околу 15 часот во загрепската населба Савица.
Полицијата соопшти дека Мирослав Г. Го убил својот брат, а потоа си пресудил самиот на себе и скокнал од прозорец во нивната зграда.
-Дојавата ја добивме во 15 часот, по што полицијата излезе на лице место и пронајде тела на двајца мажи. Истрагата започна околу 17 часот и се уште трае- изјавија за Индекс.хр од полицијата во Загреб
Хрватските медиуми пишуваат дека Мирослав пред шест години ја убил и нивната мајка.
Тој во 2014 година бил осуден на шест години затвор, а оттаму излегол пред една година.
Брат му бил негов старател оти бил прогласен за непресметлив, па судот донел одлука Мирослав да се врати и да живее со својот брат во станот во кој ја убил својата мајка.
Во февруари 2014 година, Мирослав Г. ја избодел мајка си шест пати во грбот и уште најмалку десет пати со кујнски нож ја исекол по градите. Потоа ја оставил својата мајка во локва крв, со карирано ќебе и ја покрил главата, а дел од телото со јакна.