Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРТЕМА

Државата ќе дели картички со пари и на пензионери со пензии под 15.000 денари, невработени, самохрани родители

Пензионерите со пензии под 15.000 денари, голем дел од пасивните баратели на работа и невработените, самохраните родители, се следната таргетирана група на граѓани кои ќе добијат платежни картички, ова го најави неодамна премиерот Зоран Заев.

Засега нема подетални информации колку ќе изнесува помошта. Но претходно беа доделени картички од по 3.000 денари и ваучери за домашен туризам од по 6.000 денари на илјадници вработени со ниски примања, невработени, средношколци, студенти…

Со четвртиот сет на мерки ќе бидат опфатени најсиромашните , за да се зголеми нивната потрошувачка моќ, но и на компаниите за да даваат плати. Помошта за платите во најпогодените сектори, ќе продолжи и во следниот период.

Четвртиот пакет на финансиска помош поради ковид 19 кризата ќе биде познат многу скоро.

Можеби ќе ве интересира

Животот стана пресметка: Колку денари остануваат откако ќе се платат основните обврски?

ДЕСК

Мицкоски со убава вест за граѓаните: Дизелот би можел да поевтини од 6 до 6,5 денари уште во понеделник

ДЕСК

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните шест недели по најавите за продолжено примирје меѓу САД и Иран

C +