22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анкетите покажуваат: СДСМ и БЕСА ќе победат на изборите со значителна разлика, ДУИ и ВМРО ДПМНЕ заминуваат во опозиција

Според анкетата, Коалицијата на Алијансата и Алтернатива има мала предност пред ДУИ. На прашањето: „Која партија ќе победи на изборите“ – 23,8 отсто одговориле дека тоа ќе биде коалицијата на СДСМ и Беса, додека 12,5 отсто мислат дека тоа ќе биде коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, јавува Независен.мк.

Опширна анкета направена на крајот од мај и почетокот на јуни покажува дека коалицијата на СДСМ и Беса води со четири процентни поени разлика пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Во проценти тоа изнесува – 20 наспроти 16. Во албанскиот блок за прв пат како фаворит се појавува коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива пред ДУИ. Според анкетата АА+А би освоиле 6,2 отсто, а ДУИ е веднаш зад нив со 5,9 отсто.

Оваа анкета е направена во периодот од 30 мај до 4 јуни на примерок од 1.111 испитаници. Поради кризата со корона вирусот анкетата е правена телефонски, а маргината на грешка е +/-2,94 проценти.

Според она што го дознаваме, анкетата (нарачана од една позната меѓународна организација за изборни системи, која им помага во изборните процеси на младите демократии), им била презентирана на сите поголеми политички партии преку видео конференциии пред неколку дена, но досега не е јавно објавена.

Во подолгото истражување има многу прашања поврзани со епидемијата на корона вирусот, перцепцијата за социо-политичката состојба, ситуацијата во образованието, околу животната средина и вработувањето, како и за начинот на кој граѓаните се информираат за справувањето со Ковид-19. Посебен дел е за парламентарните избори.

Според резултатите, се очекува значаен дел од гласачите да излезат на изборите – сигурно „да“ изјавиле 34,1 отсто, а веројатно „да“ 30,5 отсто.

Надвор од оние што се изјасниле дека знаат за кого ќе гласаат, голем е бројот на оние што одбиле да одговорат или не знаат – 15,5 и 16,4 отсто. На скалата за изјаснувањето на партиите се наоѓаат и Левица со 0,6 и ДПА со 0,3 отсто.

На прашањето: „Која партија ќе победи на изборите“ – 23,8 отсто одговориле дека тоа ќе биде коалицијата на СДСМ и Беса, додека само 12,5 отсто дека тоа ќе биде коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Но тука има еден огромен процент од 47 отсто, кој не знае каков ќе биде резултатот.

Друг интересен податок е што Коалицијата на СДСМ и Беса е со мала предност кај Македонците пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ: 23,7 наспроти 23,5 отсто. Меѓу Албанците, СДСМ и Беса може да очекуваат 7,3 проценти од гласачкото тело, а ВМРО-ДПМНЕ ништо. Во графата „останати“ националности, СДСМ е во голема предност пред ВМРО-ДПМНЕ: 26,5 наспроти 7,7 отсто.

За граѓаните најважен проблем во моментов е корона кризата (30,6 отсто), потоа економијата и невработеноста (23,4) и криминалот и корупцијата (13,3 отсто). По нив, следува владеењето на правото со 8,3 отсто.

Во врска со епидемијата на корона вирусот оценувано е и однесувањето на политичките партии со оценки од 1 до 5. ВМРО-ДПМНЕ добила незадоволителна оценка од 36 отсто од анкетираните, а 4 или 5 – 7,7 отсто. Незадоволителната оценка за СДСМ е 26 отсто, а паријата со 4 или 5 ја оцениле 24,5 отсто од анкетираните. Сите албански партии имаат незадоволитени оценки од над 40 отсто.

На прашањето во која насока се движи државата за одговорот „погрешна“ се изјасниле 28,1 отсто, за „правилна“ 27,2, а „ниту во погрешна ниту во правуилна насока“ мислат 40,9 проценти од анкетираните, соопшти Независен.мк.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T