Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка меѓу трактор и фолксваген – има повредени

На 30.10.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во с.Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ без регистарски таблици, управуван од маж(58) и патничко возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од маж(72), двајцата од с.Требеништа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 86-годишна жена, која се превезувала на тракторот, додека со телесни повреди се здобила 62-годишна жителка Требеништа, сопатничка во возилото „фолксваген шаран“, двете од с.Требеништа. Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. По насоки на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека возачот на возилото бил под дејство на алкохол, односно имал 1,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК