6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Закажана вонредна Владина седница во 16:30 часот – Се олабавуваат мерките, се разгледува можност за отворање на моловите, кафичите, рестораните…

Денеска, (вторник, 12.5.2020 година), со почеток во 16:30 часот, Владата на Република Северна Македонија ќе одржи седница.

Неофицијално ќе се зборува за олабавување на мерките, како отворање на моловите, автошколите, едукативните и спортските центри оваа недела, а од следната недела и отворање на рестораните и кафе баровите на отворени летни тераси.

Истовремено Centar.mk дознава дека засега полицискиот час останува од 19 часот па се до 5 часот наутро, но во следните две недели повторно ќе биде отворено ова прашање на еден од наредните состаноците на Комисијата за заразни болести, која всушност е клучна при предлагањето на рестриктивните мерки за заштита од коронавирус.

За заклучоците од седницата ќе информираме дополнително, штом ќе биде завршена.

Следете ги најновите вести поврзани со коронавирусот ситуацијата и олабавувањата на мерките преку www.centar.mk.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ УТРЕ МОЖЕН ДОЖД, ОД ЗАДУТРЕ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО РЕЧИСИ 40 СТЕПЕНИ – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ: Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање нови работни места

C +

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

C +