Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) ТОШКОВСКИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА СО СВОЕТО ВОЛВО ДОБИЛ КАЗНА ОД СЕЈФ СИТИ: Додека одел на партискиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ некоја од камерите го фатила како ита побрзо од дозволеното

Министерот за внатрешни работи на социјалните мрежи соопшти дека утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ, добил смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи се движел со 1 км/ч над дозволената брзина.

– Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани.

Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност.

Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување, напиша Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

РЕДИЦИ ПРЕД АЛТА БАНКА ВО БИТОЛА – Почна исплатата, Итната помош интервенираше кај граѓани

ДЕСК

ПРЕТРЕСИ ВО КУМАНОВО – Обвинителството потврди истрага за изнуда и перење пари

ДЕСК

ЗАКАНИ КОН СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ВО ДЕБАР – Кривична пријава против 52-годишник кој пресретнал службено возило

ДЕСК