23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Шакира откри зошто не сака да се омажи за Пике

Шакира веќе десет години е во љубовна врска со фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, но тие сè уште не се венчани, а пејачката ја откри вистината зошто е тоа така.

Таа за магазинот „Хола“ откри дека бракот ја плаши.

„Не сакам да се омажам. Искрено, бракот ме плаши. Не сакам тој да ме гледа како негова сопруга, туку повеќе како негова девојка, љубовница. Тоа е како забрането овошје, претпочитам да го чувам на прсти и да мисли дека сè е можно во зависност од неговото однесување“, призна колумбиската ѕвезда.

Шакира (42) и Жерар (32) се запознале на снимањето на спотот за нејзината песна Waka Wake. Пејачката признава дека не можела да не ја забележи убавината на младиот играч.

За време на 10-годишната врска, двојката доби два сина – Милан и Саша./Makfax