6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Наредба за евакуација на мигрантите во Париз

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Колон, наредил евакуација на околу 2 300 мигранти од камповите во Париз. Наредбата се случува во моменти додека трае спорот со градското собрание за тоа како да се решава овој долготраен проблем.

Колон во соопштение рекол дека ѝ наредил на полицијата што поскоро да спроведе операција за евакуација, која би ги помирила барањата на строгиот и нов закон за миграција и ги повика хуманитарните групи да им обезбедат сместување на мигрантите.

Последните неколку недели никнаа голем број кампови по должина на каналите во источниот и североисточниот дел на Париз предизвикувајќи загриженост за безбедноста и за јавната хигиена. Само овој месец се удавија двајца мигранти.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, побарала помош од владата. Градот од 2015 година од париските кампови расели околу 28 000 мигранти.

Колон го критикувал градското собрание поради одбивањето да ги евакуира мигрантите и побара долгорочен план за мигрантите, кои константно пристигнуваат во француската престолнина.

Спонзорирано: