20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Вооружена банда упадна на забава кај познатиот бизнисмен, но ги чекаше изненадување

Вооружена банда упадна на имотот на еден богаташ во Најроби со намера да ги ограби гостите кои присуствуваа на забавата.

Сопственикот на имотот се спротивстави на бандата, а одредени медиуми целиот инцидент го споредија со филмот „Умри машки“.

Седумчлената вооружена група упадна на приватниот посед , но не очекуваа дека домаќинот ќе ги дочека подготвен. Безбедносните камери го снимиле целиот инцидент.

Додека ги испраќал своите гости при отворањето на главната капија, тогаш влегле ограбувачите, а еден од нив бил вооружен со автоматска пушка Ак-47.

Иако бил сам спроти седумте разбојници, сопственикот кој поседувал полуавтоматска пушка убил еден од напаѓачите, тешко ранил двајца, а другите почнале да бегаат.