6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Генијална иновација: Еве како обичен прозор во два потези се претвора во балкон

Познатата данска компанија Velux, позната по производство на прозори, понудила решение за сите оние кои не можат да си дозволат балкон.

Velux конструирал прозор кој во два потези се претвора во мини балкон.

Кога конструкцијата е затворена, корисникот ужива во прозор со голема стаклена површина која обезбедува доста светлина.

А ако посака балкон, прво треба горниот дел од конструкцијата да го подигне за 45 степени.

Потоа едноставно се извлекува долниот дел од прозорот кој автоматски се зацврстува заедно со оградата. Само неколку секунди се доволни за поглед кон хоризонтот…

Спонзорирано: