Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Од среда дожд, во четврток поројни врнежи со грмежи, а во петок засилен ветер

Од среда попладне и во следните денови ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд.

Во четврток врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи.

До четврток по котлините ќе има услови за утринска магла и ниска облачност. Во петок ќе дува засилен северозападен ветер.

Прогноза за 21.10.2026
Минимална температура: 2°C до 11°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Прогноза за 22.10.2026
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 23.10.2026
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 13°C до 21°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.