Институциите подготвуваат координирана акција за справување со проблемот со неконтролираното движење на добитокот на подрачјето на Крива Паланка, каде што животните со години претставуваат проблем за земјоделците и учесниците во сообраќајот.
Според податоците со помош на дронови на Министерството за внатрешни работи најпрво ќе се утврдува каде се наоѓаат животните. Доколку дозволат временските услови, потоа ќе започне нивното организирано заловување со учество на повеќе институции, сточари и локални ловни друштва.
Акцискиот план предвидува и ветеринарна контрола, транспорт и привремено сместување на добитокот што е одземен врз основа на правосилни решенија.
Дел од кравите ќе завршат во некои од затворите низ земјава, додека не им се најде сместување.


