Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сонцето се повлекува: Од вторник пристигнува влажен бран со силен јужен ветер!

Во деновите од викендов ќе се задржи сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 16.11.2025
Минимална температура: -2°C до 7°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 17.11.2025
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Променливо облачно. Кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 18.11.2025
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Државата напредува, бележи дипломатски успеси, за прв пат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации, а СДС и Филипче тоа не го гледаат

ДЕСК

ПОПЛАДНЕВНА НЕВОЛЈА НА НЕБОТО: Локално можни пороен дожд, силен ветер и град

ДЕСК