Centar.mk
БИЗНИС

Лоши вести за граѓаните: Наскоро поскапуваат Тему и Али Експрес – и за малите пратки ќе се плаќа данок

Согласно предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност кој го помина првото читање пред членовите на Комисијата во Собранието, се предвидува оданочување и на малите пратки до 22 евра кои најчесто граѓаните ги нарачуваат преку онлајн платформи како Тему и Али Експрес.

Според најавите се предлага укинување на постојното ослободување од ДДВ за увоз на пратки со мала вредност, до 22 евра, испорачани од странство до примачи во Македонија.

Предлог измените предвидуваат и ослободување од ДДВ за мали пратки од некомерцијална природа пратени од физичко лице од странство до физичко лице – примач во земјава со вредност до 22 евра. Но нема да важи за секакви стоки, туку ќе плаќа данок за одредени категории производи: алкохол и алкохолни пијалаци, парфеми и тоалетна вода и тутун и преработки од тутун.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски најави намалување на акцизите – дизелот наместо 7 денари ќе поскапи околу 3 денари

ДЕСК

Исплатени над 1 милијарда денари поддршка за овчарството

ДЕСК

Стабилна реализација на буџетот во првиот квартал и раст на приходната страна

ДЕСК