Centar.mk
фото Официјална фоторафија на МВР
МАКЕДОНИЈА

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

На 04.04.2026 во 20:40 часот на бул. „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода лице од Кичево, затоа што со патничко возило „опел вектра“ со кичевски регистарски ознаки удрил во десетгодишник од Кичево.

По преземени мерки, утврдено е и дека уапсениот го управувал возилото иако има активна заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од Б- категорија.

По насоки на јавен обвинител, возилото му е одземено и по документирање на случајот, ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.

фото МВР

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК