Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

Акциски контроли во Скопје и Охрид: Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, констатиран прекршок за пуштање гласна музика, а во една обложувалница биле затекнати малолетници.

На 04.04.2026 од страна на полициски службеници од СВР Охрид преземени се мерки по претходно изготвен план за вршење контрола по угостителски објекти на подрачјето на Охрид. Во угостителски објект лоциран на ул. „Партизанска“ биле затекнати малолетници, при што е утврдено дека тројца од нив консумирале алкохол. При преземањето мерки, полициските службеници биле вербално нападнати од А.Н. и М.Н., двајцата од Охрид. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 04/05.04.2026 и полициски службеници од СВР Скопје спроведоа акциска контрола на територија на ЕВР Центар и Бит Пазар, при што извршени се проверки на идентитет на 45 лица, 39 прегледи на лица и возила, при што се констатирани пет прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во една обложувалница затекнати се тројца малолетници. На 03/04.04.2026 пак, констатиран е прекршок со пуштање на гласна музика во угостителски објект на подрачје на Центар.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК