23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пијан возач уби осумгодишно девојче и нејзиниот петгодишен брат

Брат и сестра загинаа, а неколку луѓе се повредени, некои тешко, кога возило управувано од пијан возач удрило на детска роденденска забава во јахта клуб во саботата, изјави шериф од Мичиген, според Хафингтон пост.

8-годишно девојче и нејзиниот 5-годишен брат загинаа на местото на несреќата, кога 66-годишната жена удри во зграда во јахтскиот клуб „Свон Крик“ во Берлин, на околу 30 милји јужно од Детроит, рече шерифот на округот Монро, Трој Гуднуг ( Troy Goodnough).

– Глетката беше крајно хаотична, сите беа во паника – и оние кои директно учествуваа и оние кои беа сведоци на овој страшен инцидент – рече тој.

Три деца и шест возрасни се пренесени во болница со хеликоптер и брза помош со повреди опасни по живот, рече тој. На останатите повредени им била укажана прва помош на местото на несреќата, а некои со приватни возила се пренесени во болниците.

Гуднуг не ја идентификуваше жената која возела, но рече дека била приведена и задржана во затворот во округот Монро поради сомневање дека управувала со моторно возило додека била во алкохолизирана состојба предизвикувајќи смрт. Таа соработуваше со властите и најверојатно ќе се соочи со нови обвиненија, рече тој.

Спонзорирано: