14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Вашингтон: едно лице загина, меѓу повредените има деца

Едно лице загина, а пет се повредени, меѓу кои две деца, откако вооружени напаѓачи пукале во станбена област во Вашингтон, соопшти американската полиција.

Врз основа на прелиминарните информации, осомничените излегле од возилото и „почнале да пукаат во толпата луѓе надвор“ во средата, нешто по 18:00 часот по локално време, изјави на новинарите началникот на полицијата Памела Смит, пренесува ABC News.

Во пукањето во Вашингтон, еден човек е убиен, рече Смит.

Двајца мажи, една жена и две момчиња, на возраст од девет и дванаесет, се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.

Полицијата соопшти дека трага по светло синото возило „тојота“ во кое двајцата осомничени за пукањето се оддалечиле од местото на настанот, јавува ABC News.

Спонзорирано: