16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нивото на Урал во Русија продолжува да расте: речиси 8.000 луѓе евакуирани, повеќе од 3.500 домаќинства поплавени

Нивото на реката Урал кај Оренбург во руската област Оренбург во текот на ноќта порасна 38 сантиметри и утринава достигна 1.060 надминувајќи го нивото на вонредна заштита од поплави за 130 сантиметри, соопшти окружната управа на Оренбург.

Од загрозените подрачја евакуирани се речиси 7.800 граѓани.

Во соопштението на „Телеграм“ населението е повикано да се евакуира од поплавеното подрачје, пренесе „РИА новости“.

Повеќе од 3.600 домаќинства се поплавени во Оренбург, изјави утринава градоначалникот Сергеј Салмин.

Властите на регионот Оренбург во средата објавија дека нивото на реката Урал во Оренбург достигна највисоко ниво досега забележано.

Во реонот на Оренбург од 4 април во сила е вонредна состојба поради влошување на состојбата со поплавите.

На 7 април владината комисија одлучи да ја класифицира поплавата во областа Оренбург како федерална вонредна состојба.

Најтешка е ситуацијата во градот Орск, а големи поплави се забележани и во Оренбург.

Вкупната штета од поплавите, според првичните процени на регионалните власти, може да изнесува приближно 207 милиони евра.

Вонредна состојба е во сила и во регионите Курган и Тјумен во Русија.

Властите на Казахстан соопштија дека земјата е погодена од најтешките поплави во последните 80 години, а во некои региони на земјата е прогласена вонредна состојба.

Спонзорирано: