14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Милијардерка од Виетнам осудена на смрт за банкарска измама

Жена од Виетнам, која работела со недвижности, е осудена на смрт во рамките на најголемото судење за измама во историјата на земјата. Труонг Мај Лан денеска беше осудена на суд во Хо Ши Мин откога беше прогласена за виновна за проневера, поткуп и кршење на банкарските регулативи.

67-годишната шефица на компанијата Van Thinh Phat (VTP) беше обвинета за измама вредна 12 милијарди долари. Лан и нејзините соучесници исто така се обвинети за незаконска контрола на банката Sai Gon Joint Stock Commercial Bank, за извлекување средства преку илјадници лажни компании и за поткупување владини службеници.

Апсењето на 67-годишната жена тајкун беше едно од најпознатите во борбата против корупцијата во Виетнам. Стотици високи владини функционери и бизнис-лидери се соочија со кривично гонење или беа принудени да поднесат оставки поради антикорупциската акција.

Лан ќе поднесе жалба на пресудата, објави член на нејзиното семејство. Патем, VTP беше меѓу најбогатите компании за недвижности во Виетнам, со проекти што вклучуваа луксузни станбени згради, канцеларии, хотели и трговски центри.

Спонзорирано: