17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран му се закани на Израел дека ќе биде казнет, Израел одговори дека ако има напад ќе возврати

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека Израел мора и ќе биде казнет за нападот врз иранскиот конзулат во Сирија.

Воени авиони, за кои постои сомневање дека се израелски, го бомбардираа иранскиот конзулат во сириската престолнина на 1 април, а Иран соопшти дека седум воени советници биле убиени, што означува голема ескалација во војната на Израел со регионалните ривали.

„Кога го напаѓаат конзулатот, тоа е како да ја напаѓаат нашата почва. Злобниот режим направи грешка и мора да биде казнет и ќе биде казнет“, рече Хамнеи во говорот по повод крајот на светиот муслимански месец Рамазан.

Израелскиот министер за надворешни работи Израел, Кац изјави денеска дека Тел Авив ќе одговори доколку Иран го нападне Израел од негова територија.

„Ако Иран нападне од негова територија, Израел ќе одговори и ќе нападне во Иран“, напиша Кац на социјалната платформа X.

Техеран ги поддржува групите кои се приклучија на конфликтот низ целиот регион откако Израел ја започна својата инвазија на Газа по упадот на Палестинската исламистичка група Хамас во јужниот дел на Израел на 7 октомври.

Во шестмесечното израелско бомбардирање на Газа загинаа околу 33.360 Палестинци. Според Израел, во нападот на Хамас на 7 октомври загинале 1.200 луѓе. Проиранското либанско движење Хезболах секојдневно разменува оган со Израел, ирачките групи пукаа врз американските сили во Сирија и Ирак, а Хутите во Јемен ги гаѓаа бродовите во Црвеното Море и Аденскиот Залив.

Спонзорирано: