31.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зголемен број полицајци на местото на исчезнувањето на малата Данка во Бор

На деветтиот ден од потрагата по исчезнатото девојче Данка Илиќ (2) во Бањско Поле се уште има голем број полицајци. Како што забележаа известувачи на српските медиуми од местото на настанот, полицијата дежура до куќата каде исчезна девојчето. Има две полициски комбиња и неколку возила.

На влезот во населбата нема полиција, според написите.

Истрагата, според последните информации од теренот, сега е проширена на територијата на Србија,

Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот на 26 март во Бањско поле кај Бор околу 13 часот и 45 минути. Оттогаш до денес се води интензивна потрага по неа, а во истрагата се вклучи и Интерпол.

Во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и виенската полиција, откако се појави видео од Виена на кое се гледаат две Романки со девојче кое личи на Данка.

Криминалистичката служба на провинцијата Виена покрена истрага за исчезнувањето на двегодишната Данка, која наводно била видена во главниот град на Австрија.

И Интерпол започна потрага по Данка Илиќ (2). Се работи за жолта потрага, односно потрага по исчезнати лица.